Фудбалерите на Победа денес во Охрид го одиграа 5-тиот пријателски натпревар во подготвителниот период. Дуелот со второлигашот Тетекс заврши без победник 1-1, резултат остварен по првите 45 минути. Во отворена игра од двете страни се одигра натпревар кој наликуваше на првенствен. Актерите на теренот не се штедеја во текот на сите 90 минути сакајќи да се надигруваат, но и да се наметнат кај своите тренери за место во почетните постави на своите екипи. Победа дојде во водство во 15-тата минута кога по слободниот удар на Мегленски, дебитантот Даноски со глава го совлада Силјаноски. Во првиот дел Победа беше поорганизирана, стоеше подобро на теренот и беше поконкретна и поопасна по противничкиот гол. Карчески го имаше потегот на овој дел од средбата кога со силен удар од 25 метри го погоди местото каде се спојуваат стативата и пречката. Тетекс израмни во 40-ттата минута од случаен автогол, кога по центаршутот на Божиновски топката удри во ногата на Колески и го изненади Манчевски, завршувајќи во небранетата мрежа.
До одморот уште една шанса за Победа, но Силјаноски со пад во нозе го спречи Карчески од изгледна позиција. Во вторите 45 минути двајцата тренери Крстески и Михајлов извршија повеќе замени давајќи им шанса на сите играчи од клупата. Во 55-тата минуита убава шанса за младиот Иваноски кој во пад биеше од тешка позиција, но неговиот удар беше изблокиран. Прилепчани до крајот креираа уште две ситуации: во 74-тата минута ветувачка акција -контра 3 на 2 преку Мирчески без реализација и убава ,,штикла,, повторно на Мирчески, по нафрлањето од аголот топката беше изблокирана во корнер.
Победа-Тетекс 1-1(1-1)
Победа:Манчевски, Талески, Крстески, Колески, Ристевски, Мегленски, Наумоски, Дунимаглоски, Карчески, Даноски и Гешоски. Уште играа:Јованоски, Богоески, Иваноски, Петрески, Тодороски, Тошески, Димитриоски, Здравески и Мирчески. Не настапија недоволно опоравениот Шаркоски и повредените:Котески, Велјаноски и Николоски.
Тетекс:Силјаноски, Тошевски, Атанаскоски, Стојковски, Стојчевски, Најдовски, Стојаноски, Бујчевски, Крстевски, Демир и Божиновски. Уште играа:Димовски, Попзлатанов, Иванов, Петров, Чаволи, Митревски, Додевски и Ибраими.Не настапија:Блажевски, Идризи, и Јовановски.