Победа ита на кoн Втора лига – навивачите бараат резултати

Фудбалерите на Победа одново ги разочараа прилепските фудбалски вљубеници, откако попладнево на градскиот стадион “Гоце Делчев” забележаа нов пораз, овојпат од Работнички со 0:2.

Новите засилувања во тимот не вродија со плод, па црвено-белите воопшто не им парираа на гостите од Скопје на денешниот дуел.

Роматичарите од Дебар маало рутински ги заработија трите бода во Прилеп со по еден погодок во двете полувремина. Во првото прецизен беше Ѓуриќ во 14-та мината, а во самиот финиш на натпреварот прецизно стрелаше и Велкоски.

Во тимот на Работнички беа и доскорешните играчи од Победа, Мазари и Филип Тодороски. Мазари го започна натпреварот, но беше заменет од уште еден поранешен играч на прилепчани, Никола Шаркоски, а Филип Тодороски засега остана на клупата од “романтичарите”.

Лошо за Победа е и тоа што Скопје забелжа ново реми, овојпат против Брегалница, па сега им се доближи на прилепчани на само еден бод разлика. Исто така Академија Пандев попладнево триумфираше над Македонија Ѓорче Петров, и успеа да се оддалечи од опасната зона.

Во наредното коло Победа гостува кај Шкендија, што одново ќе биде тешко да се заработи некој бод.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.