Победа има старо-нов тренер

Триесет и шестгодишниот Филип Мирчески е новиот шеф на Стручниот штаб на ФК Победа, откако оставки поднесоа Стојанче Дунимаглоски и тренерот на голманите Дејан Кебакоски.

Мирчески е поранешен капитен на Победа и 11 Октомври, двапати избран за спортист на Прилеп. По завршувањето на играчката кариера, успешно ја продолжи својата тренерска патека. Со младинската екипа на Победа ја освои шампионската титула во сезоната 2021/22, а во есента 2023 година ја предводеше и сениорската екипа во Втората лига. Дополнително, ја водеше генерацијата на Победа во Младинската лига на шампионите на Европа.

Покрај тоа, Мирчески беше директор на Младинската академија на Победа, а е и основач на приватната фудбалска школа „Вондеркидс“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.