Победа има нов тренер: Филип Мирчески ќе го предводи клубот во Втора лига

По катастрофалната сезона во Прва лига, Победа ги консолидира своите редови и се подготвува за новата сезона во Втората лига. Првиот чекор раководството на клубот го направи денеска со поставувањето на Филип Мирчески за нов тренер.

Мирчески досега ја предводеше младата екипа на Победа, истата екипа која беше шампион на Македонија во сезоната 2021/2022 и играше во Лигата на шампионите.

Младиот стратег дел од својата кариера ја помина токму во Победа каде и ја заврши професионалната кариера во 2016 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.