Победа зaгуби од директниот конкурент за опстанок

Победа попладнево загуби во претпоследното коло од прволигашката сезона, и тоа од директниот конкурент за опстанок Скопје.

Црвено-белите беа совладани со 1:0, а голот на Алексовски од пенал во 17-та минута беше доволен за три бода за скопјани и изедначување со бројот на бодови на Победа.

Ова беше клучен дуел за прилепчани, за сигурно обезбедување на 8-та позиција на табелата и изборување на плеј-аут натпревар.

Сега, победашите ќе мораат да атакуваат на триумф во последното коло против Ренова како домаќини, а да се надеваат дека Скопје нема да изненади против Работнички на гостински терен.

Во игра е и Пелистер кој има само бод помалку на последната позиција. Битолчани играат против Шкендија во последното коло, па неуспех на Победа и Скопје, а нивни триумф во мечот против тетовчани, на кои не им зависи баш исходот од овој натпревар, може да ги донесе токму нив на 8-то место.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.