Победа ЗА ОФС, Пoбеда против ОФС: Гешоски присутен – раштиман оркестар од некогашната гордост на градот

Вчера во Прилеп се одржа Изборно Собрание на кое доверба доби Марјан Стојкоски од присутните делегати. Присутните изразија задоволство од работата на Муамед Сејдини и најавија дека е добро да се кандидира за нов мандат на претседателската функција во ФФМ – oбјави “Dribling.mk”.

Овој ОФС го кандидираше Стојкоски за член на Управниот Одбор на ФФМ во следниот мандат. На Собранието присуствуваа 46 од вкупно 59 делегати, тоа е повеќе од 3/4 четвртини од вкупниот број со право на глас.

Воедно на ова собрание имаше претставник и на ФК Победа во името на Благоја Гешовски кој ги поддржа активностите на ОФС Прилеп.

Истовремено на официјална Фејсбук страна на клубот, портпаролот информираше дека ФК Победа, почитувајќи го Законот за спорт, нема да учествува на Собранието на ОФС Прилеп.

“ФК Победа, почитувајќи го Законот за спорт, нема да учествува на денешното Собрание на ОФС Прилеп. Како и останатите клубови од Првата и двете Втори лиги и ФК Победа се залага клубовите да даваат свои претставници кои ќе учествуваат во работата на Собранието на Фудбалската Федерација на Македонија и со тоа директно ќе учествуваат во изборот на фудбалските органи но и во и унапредувањето на македонскиот фудбал”, напиша Димоски.

Стана ли некогашната градска гордост целосно раштиман оркестар?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.