Уште еден катастрофален пораз за прилепска Победа во Првата македонска лига.
Во рамките на 25-то коло, прилепчани загубија на гостувањето во Тетово кај ФК Шкендија. На натпеварот беа постигнати 7 голови, но за жал 5 беа во мрежата на Тофилоски.
“Европска” Победа е закована на дното од табелата со 18 бода, а во следното коло игра со Вардар.
Фановите се разочарани и чекаат одговор од управата.