Победа жecтоко peaгиpa: На денешниот натпревар во Скопје, cyдиjaта не дocyди два црвени картони и поништи регуларен погодок

СООПШТЕНИЕ ОД ФК ПОБЕДА

По завршувањето на денешниот натпревар од 6-тото коло на Првата лига со ФК Скопје на стадионот во населбата Железарница ФК Победа сака да ја информира македонската фудбалска јавност за скандалозното судење на штипскиот судија Димитар Пилешков и неговата евидентна наклонетост кон домашниот тим.

Тоа го поткрепуваме со факти во следните ситуации:

1. Недоделен директен црвен картон за домашен фудбалер во 31-тата минута кога нашиот играч Амасихоху изглегуваше сам очи в очи пред домашниот голман а беше фаулиран и спречен да постигне погодок.

2. Недосудена опасна игра од страна на Мациновиќ кој појде со високо крената нога во дуел со нашиот голман Тофилоски во 34-тата минута поради што беше попречен во сигурната интервенција, а во продолжение на акцијата домаќините по овозможувањето играта да продолжи од страна на Пилешков го постигнаа единствениот гол.

3. Во 65-тата минута поништен регуларен гол на Галевски за израмнување на резултатот на 1-1. По неговиот удар со глава домашниот голман ја извади топката со интервенција со рака од зад гол-линијата.

4. Недоделен втор жолт односно црвен картон за домашниот играч со број 22 кој во 67-та минута без топка го удри нашиот играч Симуновиќ нанесувајќи му сериозна повреда поради која беше заменет.

ФК Победа го крева гласот по ваквото пристрасно судење и бара од органите на ФФМ најсериозно да го анализираат пристрасното денешно судење на Пилешков и неговата арбитража како 12-тти играч на ФК Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.