Победа донесе засилувањa од Велешта, Слога Виница и САСА Каменица (Фото)

Спиркоски, Дигаловски и Момировски први засилувања на Победа

На првиот ден од летниот преоден рок прилепскиот второлигаш Победа ангажира три засилувања. Од денес нови црвено-бели се: Бојан Спиркоски, Дарко Дигаловски и Игор Момировски.

26-годишниот Спиркоски практично по 5 години се враќа во Победа откако по заминувањето од Прилеп ги бранеше боите на Брегалница, Лабунишпта, Силекс и Велешта. Станува збор за веќе докажан офанзивен везен играч кој треба да биде големо засилување на Победа.

Дарко Дигаловски(24 години) игра на стоперската позиција и треба да биде значајно засилување во одбраната на Победа во новата сезона. Се работи за играч кој настапувал за неколку национални младински селекции, со Металург во Првата лига, а потоа и за Тиквеш, Брегалница и Саса, од каде доаѓа во Прилеп.

Најмлад од тројцата нови фудбалери е 21-годишниот играч од средниот ред Игор Момировски. Тој потекнува од младинската школа на Пелистер каде настапувал и во сениорска конкуренција а минатата сезона беше стандарден првотимец на Слога Виница.

Со ангажирањето на првите 3 засилувања на стартот од преодниот рок Победа ја најавува својата најсериозна кандидатура за 1-то место во новиот второлигашки шампионат и враќање онаму каде и му е местото на миленикот на прилепските љубители на фудбалот-Првата лига. До крајот на трансфер периодот (6-ти септември) Победа се очекува да нагажира уште неколу квалитетни заислувања со кои ќе се подигне квалитетот на тимот за остварување на зацртаната цел.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.