После двата последователни порази од конкурентите за прво место на табелата во Втората лига – Исток, тренерот на Победа, Дарко Крстески, си поднесе оставка од позицијата шеф на Стручниот штаб.
Според информациите од клубот, нов тренер кој ќе ги предводи црвено-белите е Димитар Капинковски.
Капинковски до пред извесно време беше на клупата на Пелистер, а сега ќе има мисија да ја внесе Победа во Првата лига.
Капинковски е поранешен фудбалер на Победа кој црвено-белите бои ги носеше во периодот од 2003 до 2009 година.