Шкупи ја зациментира Победа на последната позиција од табелата.
Веќе е смешно да се бара еден виновник, особено кога мрежата е полна и губите со 0-6 на домашен терен. Има ли вина во дефанзивниот ред кој неуспеа да одбрани ниту еден напад на гостите или пак нападот кој не беше ни блиску до поентирање? Или пак управата на клубот? Постои ли стратегија за опстанок? Постои ли план за натпреварите кои следуваат до крајот на сезоната? Има ли надеж за прилепска Победа?
Па макар тоа бил и Шкупи кој се бори за титула, мора сите да признаеме – 6 гола се премногу!
Се вели дека најмногу се учи во поразите, затоа е потребна детална анализа и насочување на фокусот во следните натпревари. Следното коло прилепчани гостуваат во Струга, клуб кој се наоѓа на врвот на табелата.