Фудбалерите на Победа во вчерашниот меч од 9-тото последно коло од првиот круг на шампионатот на Втората лига-Исток несреќно загубија од домашниот состав на Кит-Го со 2-1, полувреме 1-0. За волја на вистината домашниот тим во најголем дел од натпреварот ја имаше теренската надмоќност и организираше напади кои исто така во голем дел беа стихијни.
Во дефанзива црвено-белите 90 минути одолеваа на нападите на Кит Го кои се одвиваа главно по страничните позиции со нафрлени топки во казнениот простор пред голот на денес навистина одличниот наш голман Иванов кој имаше барем 4-5 бравурозни интервенции и беше најдобриот играч на теренот.
Победа поведе по осмислена акција во 42-та минута по соло пробивот на Каралиоски кој додаде до Б.Наумоски овој со пета ја продолжи топката до младиот 17-годишен Давид Јошески кој со одмерен удар го најде патот на топката до мрежата од голот на Пашовски за свој гол првенец во сениорска конкуренција.
Победа испушти шанса се чини да ја обезбеди победата за 0-2 во 80-тата минута кога Дарио Наумоски од 35 метри биеше силно обидувајќи се да го изненади истрчаниот Пашовски но играчот на Победа немаше среќа затоа што неговиит удар заврши на пречката од домашниот гол.
Претходно домаќините бараа пенал во 75 минута по една нафрлена топка пред голот на топката и бурно реагираа кај младиот судија Ѓуровски кој се чини и подлегна на нивните притисоци не досудувајќи повеќе очигледни прекршоци особено во воздушните дуели над Ристески. Но на спротивната страна досуди непостоечки прекршок од него во 90-тата минута по кој од прекин Кит Го израмни на 1-1.
Во таа ситуација изостана реакција на комплетната одбрана на Победа-буквално никој не скокна на центаршутот дозволувајќи му на домашниот стопер Христов малку да ја зафати топката со глава но сосема доволно таа да го смени правецот и заврши во гостинската мрежа. Длабоко во покажаното судиско надополнување од 5 минути домашниот состав стигна до победата.
Најпрвин беше дозволено изведување на аут барем 10-тина метри од таму каде топката го напушти теренот, за по голема мешаница пред голот на Победа и по истек на тие 5 минути продолжение со многу среќа откако најпрвин енергично одмавнуваше со рака дека нема гол по ударот на Синев но по сугестија на првиот помошник Џиковски, кон кого а и во теренот полетаа од домашната клупа, главниот судија Ѓуровски покажа на центарот за домашно водство и победа од 2-1.
Во секој случај пораз кој многу тешко има падна на црвено-белите кои по мечот со Тиквеш кога во судиското продолжение загубија 2 бода, денес за 5 минути испуштија голема победа. Но мора да се признае дека како и на повеќето мечеви одбраната е на испит во најголем дел од дуелот а изостанува помошта од средишните фудбалери, за да задржат топка, понесат према напред, креираат одредена акција кон противничката половина, особено денес кога гостинските штопери беа на половината на Победа.
Повторно со многу паника и без одиграна смирена топка во нога, едноставно да се задржи поседот, малку обраната да одмори а низ смислена комбинаторика да се пренесе тежиштето на играта подалеку од сопствениот гол-евентуално да се одигра некоја пооопасна акција во нападот.
Победа:Иванов, Д.Наумовски, Магловски, Најдовски, Колески, Дунимаглоски, Вецески, Јошески (од 75 мин Петровски), Каралиоски (од 54 мин Ристески), Б.Наумоски (од 84 мин Гешоски) и Х.Митрески.
Резултати 9 коло:Кит Го-Победа 2-1, Тиквеш-Беласица 1-2, Брегалница-Кожуф 3-0, Осогово-Саса 2-5 и П.Гули-Плачковица 0-1.
Табела: Беласица 22, Кожуф и Тиквеш по 20, Брегалница 18, Кит Го 15, Саса и Плачковица по 10, Победа 7, Осогово и П.Гули по 3 бодови.
Двојки за следно 10 коло-сабота 26 октомври 14,30 часот : Саса-Победа, Тиквеш-Кожуф, Беласица-Кит Го, П.Гули-Осогово и Брегалница-Плачковица.