Попладнево на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, Победа ремизираше без голови со Беласица и пропушти да го зачува првото место на табелата во Втората лига – Исток.
Истовремено Слога Виница триумфираше со 2:0 против САСА Каменица и го презеде првото место од црвено-белите од Прилеп.
Прилепчани во претходното коло кикснаа на гости кај Детонит (0-0) и денес немаа право на нов неуспех, но по голема борба и не така атрактивен фудбал ремизираше со еден од главните конкуренти во трката за промоција во Прва лига.