Победашите ја прекинаа серијата од 7 натпревари без постигнат гол и во натпреварот од 29-тото коло стигнаа до триумф над екипата на Силекс, на стадионот на “Могилата на непобедените” во Прилеп со 1:0.
Со голот на Наумоски во судиското продолжение од пенал, Победа стигна до важни три бода во борбата за избегнување на последните места на табелата кои водат директно во втората лига.
Победа се наоѓа на осмата позиција и е на три бода од седмопласираниот Шкупи, кој утре му гостува на Работнички.
Целта која беше зацртана пред овој натпревар, фудбалерите на Победа ја испочитуваа, иако тешко, стигнаа до посакуваниот триумф и ја израдуваа бројната публика на трибините.
Во наредното коло следува нов тежок натпревар за прилепчани, му гостуваат на Вардар кој минатиот месец беше совладан со 2:1. Од тој натпревар до денес, Победа немаше постигнато погодок, а денешните три бода се дополнителна мотивација и за фудбалерите и за стручниот штаб на клубот.