Новоформираниот клуб во футсал Победа, имаше одлично деби на стартот од Втората футсал лига на Македонија.
Во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, црвено-белите триумфираа над КФМ Јувентус Серава со 9:6.
Виктор Тошески постигна 4 погодоци, Бобан Ѓорчески 2, а по еден постигнаа Илија Ристески, Борче Макешоски и Владимир Ачкоски.
Од клубот упатуваат особена благодарност до навивачката група Мајмуни Прилеп 1997 за поддршката во текот на целиот натпревар, како и до целата публика присутна во салата.