Попладнево во Кавдарци се одиграа натпреварите на 18-ттото издание на Меморијалниот фудбалски турнир ,,Вуко Каров,, кој се игра по италијански систем. Победник на турнирот е прилепска Победа која забележа две победи без примен гол. Победа во првиот и најквалитетен натпревар на тунрирот го совладаа второлигашот Љубанци со 1-0, со голот на Здравески(24), а преку Дунимаглоски пропушти уште две убави шанси и за поубедлив триумф. Во решавачкиот меч за 1-то место прилепчани супериорно славеа над домашниот третолигаш Тиквеш со 3-0, со головите на Карчески (15), Дунимаглоски(24) и Иваноски(35). Инаку во првиот меч на отворањето на турнирот Тиквеш беше подобар од Љубанци со 1-0 со голот на Чеков. Жирито за најдобар играч на турнирот го прогласи стоперот на Победа Валентин Колевски, а најдобар стрелец е Чеков од Тиквеш. Организаторот додели пехари на трите екипи како и на најдобрите поединци. Последната генералка пред стартот на пролетната полусезона (на 27-ми февруари со Гостивар во Охрид), Победа ќе ја има следната сабота на 20-тти февруари против Велазерими во Прилеп.