Победа го згази Силекс во гости – Полни срцата на прилепчани!

Со головите на Стомнароски во првото полувреме и Петејчук и Пановски во судиското продолжение во вториот дел, Победа попладнево славеше голем триумф на гостувањето во Кратово кај Силекс.

Добрата игра и мотивираноста на играчите беа клучни за вториот триумф сезонава кој на црвено-белите им донесе драгоцени три бода за подобрување на билансот на табелата.

Сега Победа има 7 бода после 9 одиграни кола и веќе и се на дофат сигурните места на табелата во Првата фудбалска лига.

Во наредното коло победашите ќе ја дочекаат екипата на Академија Пандев, кои исто така со 7 бода се наоѓаат на 9-то место на табелата.

Натпреварите од 10-то коло се играат на 15.10., а фудбалските вљубеници во Прилеп со нетрпение очекуваат да видат дали црвено-белите ќе се покажат на исто ниво и на домашен терен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.