Победа ги започна подготовките – (ФОТО)

15942791_10211779076856363_2101940662_o

Точно напладне шефот на Стручниот штаб Зоран Штерјовски ја изврши првата прозивка и пред фудбалерите на Победа го образложи планот на зимските подготовки. На првиот собир присутни беа сите староседелци, со исклучок на капитенот Александар Крстески кој следните денови ќе се приклучи на тренинзите на екипата. На првиот тренинг ,,бип тестот,, во салата на СОУ ,,Ристе Ристески-Ричко,, со своите нови соиграчи од новајлиите присутен беше само Благојче Коњарски.

15935398_10211779076176346_1899330701_o

Зоран Даноски почнува со тренинзи од утре, како и двајцата српски интернационалци Мирослав Станиќ и Милан Војводиќ, кои поради проблеми со отежнатиот сообраќај го пропуштија првиот тренинг, додека бразилецот Уемерсон Рамон во Прилеп се очекува на 13-ти јануари.

15935133_10211779076656358_1017995386_o

Од утре, според планот на Штерјоски, следат тренинзи по два, а во одредени денови и три пати на ден, се до заминување на подготовки во Охрид. Ќе се тренира во сала, теретана и на терените на Могила и на вештачката трева, во зависност од временските услови.

15935356_10211779076456353_42464727_o

Прилепчани до почетокот на пролетниот дел на првенството договорија 5 проверки на формата, а се бара спаринг партнер за ,,генералката,, на 11-ти или 12-ти февруари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.