Аргентински археолози го пронашле гробот на Адолф Хитлер на приватен посед на средина од шума, 60 километри подалеку од цивилизација. Територијата на која е пронајден гробот се наоѓа во градот Сан Карлос де Барилоче.
До поседот е многу тешко да се стигне бидеќи е опколен со шума. Единствен начин да се стигне до него е со брод. Меѓутоа стапнувањето на туѓ посед, според законите на Аргентина, се смета за тежок престап.
Гробот е осветлен и на него пишува : ” Овде лежи Адолф Хитлер, Фирерот на Третиот Рајх”.
Археолозите поднеле барање до владата и до сопственикот на поседот да се изврши ексхумација, односно да се процени дали останките му припаѓаат на Хитлер.
Поседот му припаѓал на директорот на “Мерцедес”, кој бил еден од најголемите приврзаници на нацизмот. Во Аргентина во тоа време имало повеќе од 60.000 нацисти, меѓу кои и Јозев Менгеле, еден од најголемите злосторници.
Хитлер не се убил во бункерот во Берлин, што е потврдено и со ДНК на черепот кој се чувал во руски музеј за кој се тврдело дека му припаѓа. Черепот дури не е ни машки. Се шпекулира дека и припаѓа на Ева Браун.
Американското ФБИ пуштило голем број на документи во јавноста, кои покажуваат дека се трагало по Хитлер и по неговата смрт.
МАРКУКУЛЕ