За Војин Марковиќ 2006 година била koбна. Ова момче од Варварина имало само три години кога му била дијагностицирана адултна акутна лимфобластна лeykeмија.
Неговото семејство вели дека болecта е откриена сосема случајно и дека ништо преходно не покажувало дека безгрижното детство на Војин ќе се претвори во yжac. Неговата мајка Данијела Марковиќ вели дека тоа биле нajлошите денови за целата фамилија.
“Не можев да се помирам со фактот дека мојот син е болен. Правевме се за да го излечиме. Цела година бевме во Белград, на лечење”, вели Данијела.
Меѓутоа, оваа приказна започнува многу порано. Една година пред да откријат дека детето е болно, Млаџан и Данијела со синот тргнале на море во Црна Гора, па одлучиле да го посетат и манастирот Острог.
Кога стигнале во дворот имало премногу луѓе, па Данијела и Млаџан одлучиле да дојдат друг пат бидејќи временските услови биле лоши.
По неколку месеци нивниот син се разболел и заминале на лекување во Белград, а прогнозите биле обесхрабрувачки. Лекарите ги вложувале сите напори но безуспешно. Семејстовто Марковиќ одлучиле да заминат во манастирот Острог и да му се помолат на Свети Василиј.
“Мојот сопруг и јас се договоривме да одиме во Острог. Слушнавме различни приказни за лечење на болни и други чуда на овој светец. Врнеше дожд и се сеќавам дека имавме многу проблеми за да стигнеме до манастирот. Војин имаше само три години, а ние никогаш пред тоа не сме влегле внатре во манастрот. Во еден момент Војин го фати татко му за рака и го поведе кон моштите на Свети Василиј Острошки”.
“Останав сама, а по неколу минути- Војин дојде ме фати за рака и ме одведе кон моштите. Изненадена што моето дете така реагираше, иако никогаш пред тоа не бил овде. Му објаснив дека треба да чекаме во редот.
Тогаш ми пријде една жена и ми рече дека Војин е повикан од Свети Василиј и дека поради тоа ќе не пуштат да влеземе први”, раскажува Данијела.
“Во делот каде се моштите влеговме јас, Војин и мојот сопруг, како и една жена во инвалидска количка. Монахот ја прочита молитвата за здравје, а јас тогаш се заколнав дека оваа наша приказна ќе ја дознаат сите”.
Кратко по враќањето од Острог, односно по три месеци, дијагнозата на Војин била подобра. По осум месеци интензивно лечење Војин е потполно здрав. Денес, покрај Војин, ова семејство е побројно за уште еден член, сестрата на Војин Дуња. Војин е фудбалер и оди во гимназија.