Плусинфо: Лицeто кoe мy ce зaкaнyвaшe на Д-p Joвчески во пoлициja пpизнало кoj го поттикнaл

Kaко што неофицијално дознава порталот Плусинфо заканувачот В.Р. во полиција признал дека бил поттикнат од кандидат на советничката листа на СДСМ и дека од него му било ветено вработување.

Тој пред три дена упати закани по животот за синот на д-р Борче Јовчевски кој е кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО- ДПМНЕ.

Еве што напиша заканувачот во постот објавен на Фејсбук:

„Наскоро и прислушкуваните разговори за Борчево ке бидат излезени во јавност, па да видите како приватно договара за поткуп на гласачи. Повлекувај се од кандидатура ако ти е мила фамилијата во спротивно ќе го најдеш и помалиот син во некој ендек фрлен како куче“, пишува на профил на Фејсбук извесен В.Р кој во политички цели ја злоупотребува семејната трагедија на докторот Јовчески.

Извор: “Плусинфо”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.