ВО ПРЕСРЕТ НА ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК – РОЖДЕСТВОТО ХРИСТОВО – БОЖИК, учениците од IV – 3 одделение при ООУ “Блаже Конески” и нивната наставничка, Весна Црвенкоска, ни подаруваат уште една празнична честика.
-БОЖИК е празник на раѓање на нов живот, на надеж и радост! Вистинското значење на празникот е да бидеш светлина за некој друг, да подадеш рака и да споделиш насмевка. Нека овој празник нè потсети на скромноста и добрината, на тивка музика за душата и мелем за срцето. Нека донесе мир во светот и мир во секој од нас – вели наставничката Црвенкоска, која е светол пример во образованието во Прилеп, за тоа како правилно се воспитуваат деца, не само во школските клупи, туку и надвор од нив.
Заедно со хорот “Св. Петка”, учениците ја испеаја “Тропар на Рожденство Христово”, звучат прекрасно и ви препорачуваме да ги слушнете неколку пати во пресрет на Бадник и Божик.
Дечките и наставничката упатуваат благодарност до Андреј Златески, до сите членови на Црковниот хор “Св. Петка”: проф. Весна Станкоска, проф. Маја Јорданоска, Анита А. Николоска, Софија Настоска, проф. Марјан Златески (пијано), проф. Андријана Дукоска, проф. Јулијана Д. Златеска, Мирјана Блажеска и Благица Димеска.
-Ви благодариме на соработката, поддршката, љубовта, енергијата што ја вложивте во овој проект за да биде каков што е, ВЕЛИЧЕСТВЕН! ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ до протоереј, Љупче Петрески за отстапениот простор во Храм „Св. Петка” населба Точила, Прилеп. ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ до „KL Produkcija“ на прекрасното видео – стои во описот на видеото.

























