Прес конференција на претседателот на ОО СДСМ Прилеп и кандидат за пратеник, Миле Талевски
“Ја кренавме минималната плата на 14.500 денари. Покажавме на дело, а не со празни зборови и ветувања, дека водиме искрена грижа за секој работник во државата.
Замислете каква ќе беше егзистенцијата на граѓаните за време на кризата со вирусот КОВИД-19, доколку минималната плата останеше на оние 9.000 денари од времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Нека објасни Мицкоски како може некој да преживее со 9.000 денари, да ги школува децата, да ги нахрани и облече.
За разлика од нив, ние знаеме дека минималната плата не е само бројка. Знаеме дека прагот на минималната значи живот, сигурност и стабилност во домот и семејството”, истакна Талевски.
Прес конференцијата проследете ја во продолжение: