ПЛАТА 25.000 денари за ОПШТ РАБОТНИК – Отворени 15 работни места во Прилеп

На веб страната на Агенцијата за вработување објавен е оглас за вработување на 15 лица на позиција Општ работник во Научниот Институт за тутун во Прилеп.

Според она што е наведено во огласот, се работи за работен ангажман на определено време од 5 месеци и е предвидена основна плата од 24.554 денари.

На огласот не е прикажано какви квалификации се потребни за работните места, а истиот трае до 10.06.2018 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.