Додека докторите протестираат и се борат за зголемување на платите за 1.000 денари, вицепремиерите во Македонија си ја зголемија платата за 8.000 денари.
Предлог законот е донесен денеска во Собранието.
Со измените на Законот, коефициентот за утврдување на платата на заменик претседателот на Владата на Македонија ќе се пресметува со коефициент од 4.00, наместо 3.70 кој е утврден за пресметка на платата на член на Владата.
Согласно ова, разликата во плата ќе изнесува 8.07 денари месечно во бруто износ, или за 5 заменици на претседателот за 12 месеци, 481.620 денари.
Извор: press24