И покрај големата плата од 55.000 евра годишно, односно 4.500 евра месечно, ретко кој сака да ја работи оваа работа. Станува збор за работа со тукушто изведени пилиња, на кои британската индустрија го заснова својот извоз.
Многу луѓе во Велика Британија се загрижени и сметаат дека дефицитот на работна сила на оваа позиција може да влијае врз производството.
Во оваа работа станува збор за одредување на полот на малите пилиња, за што на работниците би им требале околу 3 години да може да ги научат тие мали разлики. Работниците ќе мора да одредат дали пилето е машко или женско во рок од 3 до 5 секунди.
За оваа работа е потребна прецизност од 98%, а низ вашите раце во ден ќе поминат околу 1.200 пилиња.
Ф.Г.