Преубавата плажа на најголемиот хавајски остров стана црна после ерупцијата на вулканот Килауеа во мај минатата година, што доведе до уништување на голем број куќи и загуба од милиони долари.
Сепак, сето тоа уништување донесе и нешто добро, затоа што ерупцијата доведе до тоа да се промени бојата на песокот на плажата во Похоики.
Популарниот парк Похоики беше затворен во изминатите 6 месеци од ерупцијата на вулканот. Но, од 6 јануари плажата одново е отворена.
Засега, сите посетители можат да се одморат и релаксираат на плажата која е единствена поради црниот песок. Првите фотографии од плажата се навистина интересни.