Алберт Пајк бил слободен ѕидар кој живеел во 19. век, а бил толку моќен што после Граѓанската војна станал единствен конфедерациски војник во Вашинготн.
Тој вели дека се што се случило во прва и втора светска војна е испланирано од масоните, а смета дека во светот ќе има и трета светска војна.
Еве што пишува:
Првата светска војна мора да биде остварена за да им овозможи на илуминатите да се исфрлат од положбите на моќ на руските цареви и со тоа Русија да ја направат тврд атеистички комунизам.
Реализацијата и несогласувањето меѓу британскиот и германското царство ќе биде потик за таа војна. На крајот на војната ќе се воспостави комунизам за да преку него се уништат и другите влади и да се ослабне влијанието на религијата.
Политичките сојузници на Англија од една страна и Германија од друга биле инструмент на воспоставување на првата светска војна.
Втората Светска војна треба да биде искористување на разликата меѓу фашистите и политичките националисти. Таа војна треба да биде воспоставена на таков начин да за последиците го има уништување на нацизмот и јакнење на национализмот до таа мера да овозможи воспоставување на суверени држави како Израел и Палестина.
Во текот на втората светска војна меѓународниот комунизам мора да стане толку силен да му биде противтежа на христијанството, кое ќе биде зауздено и држано во позадина се до моментот кога ќе биде потребно за конечна социјална катаклизма.
Третата светска војна мора да биде потикната со искористување на различностите, предизвикана од агентура, илуминати, меѓу политичките националисти и водачи на исламскиот свет.
Војната треба да биде водена на таков начин да Исламот (муслиманскиот арапски свет) и политички Ционизам (држава Израел) меѓусебно ќе се уништат. Во меѓувреме останататите нации, уште еднаш се поделени по тоа прашање, и ќе бидат присилени да се борат до точката на целосна физичка, морална, духовна и економска исцрпеност… Атеистите ќе испровоцираат огромна социјална катаклизма, која во своите страшни народи јасно ќе покажат целосен атеизам, извор на дивјаштво и најкрваво превирање.
Тогаш широм светот, граѓаните ќе бидат принудени да се бранат од револуционерните светски малцинства, да се истреби и уништи цивилизацијата, и огромниот број на разочарани христијани, чиј деистички дух од тој момент ќе биде без насока и цел, трагајќи по идеал, но не знаејќи да го усмери своето обожување, ќе го прими вистинското светло низ универзална објава на чистата Луциферова доктрина, која на крајот ќе биде изнесена пред јавноста.
Христијанството и атеизмот истовремено ќе бидат победени и искоренети“, стои во писмото на масонот.
За Третата светска војна неколку пати зборувал и научникот Алберт Ајнштајн опишувајќи ја како:
„Војната се состои во тоа да луѓето, иако едни со други не се познаваат, меѓусебно да се убиваат на заповед на луѓе кои многу добро се познаваат, а взаемно не се убиваат“, изјава на Ајнштајн.
Иако трета светска војна официјално не е прогласена за почната, за жал се чини дека не е далеку