Пиете кафе наутро? Многу грешите, прочитајте зошто!

На многумина денот им започнува дури откако ќе го испијат првото утринско кафе, но истражувањата покажуваат дека ваквиот начин може да има сериозни последици по вашето здравје.

Според американските експерти, иако пиењето кафе во големи колични може да го намали ризикот од повеќе болести, се утврдило дека е важно во кој период од денот го правите тоа.

Хлороводородната киселина која е застапена во желудникот е потребна за соодветно да се вари храната. Конзумирањето шолја чисто црно кафе сабајле на празен желудник ќе поттикне лачење на хлороводородната киселина. Како резултат на тоа, телото постепено ќе губи интерес за создавање на оваа киселина, а тоа ќе доведе до забавување на варењето. Како што стомачните киселини ќе се зголемуваат, ќе се зголемува и веројатноста за развој на синдром на дебело цревно, чиреви, иритации на цревата и проблеми со варењето.

Една студија направена на Универзитетот за медицина во Јапонија покажа дека кафето ја олеснува појавата на “гастритично празнење”, што значи дека храната не останува доволно долго во стомакот. Со тоа витамините и минералите не се апсорбираат правилно и нашето тело останува без потребните хранливи состојки.

Кофеинот меѓу другото ја зголемува анксиозноста и депресијата на повеќе начини. Го прекинува призводството на серотонин, невротрансмитер кој е директно поврзан со чувствата на смиреност и благосостојба, а го забрзува и создавањето на Б витамините кои се познати по регулација на расположението, управување со стресот и релаксација.

Совет: Пробајте да се одвикнете да пиете кафе наутро и појадувајте пред да ја испиете првата чаша кофеин. Ова особено важи за оние кои имаат историја на било какви проблеми со стомакот или гастроинтестиналниот тракт. Доколку имате потешкотии со одвикнувањето, за почеток почекајте саат време откако ќе станете пред да го испиете кафето, не го прајте многу силно и разредете го со млеко.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.