Данската пивара “То лу” претстави нов производ – пиво во прав, кое е секогаш спремно за конзумирање. Потребно е само да му се додаде ладна вода.
Сопствениците на оваа пивара Тобијас Емил Јенсен и Торе Гинтер, велат дека со процесот на замрзнување и сушење се врши оддвојување на сувата материја на пивото. На тој начин пивото не го менува вкусот. За време на тој процес, водата и алкохолот целосно испаруваат од пивото, а во правот остануваат шеќерите, протеините, компоненти кои даваат горчина и ароматични елементи.
Карактеристичниот вкус на пивото се враќа веднаш откако правот се помеша со вода, но за да се постигне полн ефект на традиционалното пиво, неопходно е да се додаде и алкохол, пишува данскиот весник “Копенхаген пост”.
Пивото во прав е направено за да може да се конзумира на места на кои пивото не е достапно.
МАРКУКУЛЕ.МК