Пејачката на Гранд призна: Ќе преминам од Ислам во Христијанство, ќе се венчам во црква

471171eukyuk67i67i67dita-aradinoviciff-1

Пејачката на групата “Министарке”, убавата и сексипилна Едита Хајрадиновиќ, поради љубов ќе се откаже од Исламот и ќе се венча во црква. Таа веќе одреден период ужива во врската со студентот Огнен, а за Информер, вели дека би преминале во христијанската вера токму поради него.

– Свесна сум дека кога ќе помине време и ќе треба да се земеме ќе треба да ја променам верата. Ќе преминам во православие и ќе се омажам во црква. Не ми е проблем да ја променам верата за она што го сакам, вели пејачката.

Додава дека дали е венчавката во џамија или црква не е важно, важно е дали има љубов и разбирање.

Исто така, Едита додава и дека никој нема право да ја осудува поради одлуката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.