Полицијата ја претреси пештерата на човек од Тајланд кој тврди дека спиел со десетици туристки, а за своите заведувања се пофалил на социјалните мрежи.
Чатупум Лосири (48), познат како “Човекот од пештерата”, сега е под надзор на полицијата поради обвинувањата на локалното население дека овој човек не се однесува пристојно.
Проблемите си ги предизвика кога се пофали дека заведил Русинка, а веќе следниот ден објавил фотографија од друга жена која спиела во неговиот кревет.
Претходната недела полицијата ја претресила пештерата и утврдиле дека во неа нема ништо сомнително или нелегално.
Полицијата утврди дека човекот не прекршил ниту еден закон, пренесува Дејли Меил.
Лориси се бранеше пред новинарите дека не направил ништо лошо и дека жените одат во неговата пештера затоа што самите сакаат.
-Жените кои спијат овде не се присилени. Ниту една не била присилена, а некогаш само разговараме. Сите се среќни, па среќен сум и јас- вели тој.
Претходниот месец се пофали како запознал туристка од Русија и ја одвел во неговата пештера.
-Денес со моторот тргнав кон пештерата, кога здогледав убава жена од другата страна на патот. И реков :”Ме прекинавте. Возев кон мојот дом, но поради вашата убавина морав да застанам. Морав да разговарам со тебе и да дознаам дали си убава и од внатре”, вели тој.
И додека некои велат дека овој човек е романтична душа, други велат дека неговото флертување е “морничаво”.
Повеќе фотографии можете да погледнете ТУКА.