Печалеле на маката на земјоделците: Кривична за две лица од битолско и две фирми – измамиле 25 земјоделци

-СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Д.Н.(30) од село Долно Оризари, битолско, П.Н.(57)од с.Путурус, општина Могила и две правни лица од с.Долно Оризари.

Првопријавениот во текот на 2023 и 2024 година, во својство на овластено лице-управител во трето и четврто пријавените правни лица и второ пријавениот – сопственик на трето и четврто пријавеното правно лице довеле во заблуда 27 лица, од кои 25 земјоделци од пелагонискиот регион и две превозни претпријатија дека после извршен откуп на житни култури за одреден временски период ќе им платат и ги убедиле да ја предадат житната култура, со што вкупно им нанеле материјална штета во износ од 141.650 евра – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.