Пеце од Суперхикс до Филипче и Владата: “Oва го нема ниту во Сомалија, алал вера!”

Остри реакции од страна на јавноста, но и од најзасегнатите – македонските музичари, по веста дека поради неколку локали што не ги почитуваат мерките и власта, која од ним познати причини молчи пред нивната анархија, се воведуваат нови мерки под капата „борба продив ковид-19“.

На споделената вест на министерот за здравство Венко Филипче, на која инфромира за новите предлози од Комисијата за заразни болести, реагира и музичарот Петар Младеновски од „Суперхикс“, кој му порача:

-Случајно ве сретнав пред некој месец во паркот Капиштец и ве запрашав „Како ќе го регулирате ова со протоколиве (кои патем беа конфузни и до крај недоречени и нејасни) со угостителскиве објекти?

Кој би бил организатор и кој ќе сноси одговорност доколку самиот објект организира?“. Ми одговоривте „Како кој? Па самиот локал!“. Ниту локалот кој ви го посочив како пример, ниту останатите пар КОИ МНОГУ ДОБРО ИМ СЕ ПОЗНАТИ И НА МВР И НА ИНСПЕКЦИИТЕ (зборувам за СК, низ земјава во одредени градови протоколи не постоеа и никој никогаш не ги казни објектите) не беа ниту казнети ниту на минута затворени! И сега?

Илјадници мои колеги треба да престанат да се занимаваат со својата работа само затоа што ВИЕ (комисија, Влада, инспекторати, МВР итн) не сте реагирале на очигледните и намерни пропусти кај дел од локалите (знаеме и до која гарнитура се блиски…) Алал Вера и на Вас и на Комисијата!

Ваква неинформираност и некоординираност нема ни во Сомалија. Небулоза и контрадикторност при одлуки за нови мерки во услови на Ковид на невидено ниво!

П.С. и да не напоменувам по 100ти пат дека непочитувањата се случуваа кај УВОЗНИ артисти како Грашо, Владо, Јелена..домашните кои беа максимално претпазливи и коректни и кои се државјани на МК, секако повторно први ќе ги дочекаат забраните и ќе останат без денар следните месеци..алал вера!

Владата и Филипче ги казниja мyзичарите за гужвите: Oва се новите правила кои ќе важат за угостителските објекти и кафулињата




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.