Победа попладнево се врати на градскиот стадион “Гоце Делчев” после шестгодишна пауза и во првиот натпревар од Втората лига Запад го совлада Кит-Го од Пехчево со 2-1 (0-1 на полувремето).
Гостите поведоа во првиот дел со погодокот на Андонов.
За Победа стрелци на головите беа новото засилување Даниел Карчески, кој израмни на 1-1, а само две минути подоцна беше досуден удар од белата точка за црвено-белите.
Пеналот во погодок го претвори Дарко Анѓелески, на огромна радост на бројната публика на градски.
ВИДЕО: GOL.MK
Скендеровски Продукција