Младите шампиони на Победа синоќа одиграа одличен натпревар на гостувањето кај Колерајн во Северна Ирска, но загубија со 3:2.
Натпреварот го отворија домашните фудбалери со погодок уште во 5-та минута, а победашите возвратија со два погодоци на Тодороски во 42-та и 45-та минута од натпреварот.
На полувреме се замина со водство на Победа, но во второто полувреме следуваше нов пресврт. Најпрво во 52-та минута прецизен беше Стинсон, а веќе во 59-та за нов пресврт погоди Вотон.
Сепак, ова е активен резултат и одлична можност за победашите на реваншот кој идната недела се игра во Скопје.
Доколку Победа го помине првото коло, во второто коло ќе игра со Славија Прага или Генк.