Пет нови случаи со кopoнавиpyc во Македонија. За други две лица ќе се врши дополнително тестирање.
Министерот за здравство Венко Филипче информираше за состојбата.
Утрово беа тестирани 7 лица, од кои 4 се позитивни, а 3 се негативни.
Дополнително позитивна на кopoнавиpyc е жена која е вратена од Холандија пред неколку дена. Развила симптоми и денес се јавила на Инфективна клиника.
Контактирани се лицата од нејзиното семејство, возачот на таксито кој ја возел од аеродром, а се контактираат и лицата со кои била во авион од Виена. Пациентката е од Скопје и е веќе хоспитализирана.
Другите 4 лица чии резултати денес беа позитивни се од Дебар и на лекување остануваат таму.
Во болницата „Жан Митрев“ кај дополнителни две лица се позитивни резултатите за коронавиpyc. Утре ќе се тестираат уште еднаш. Двајцата се од Скопје.