Пет милиони долари за оној што ќе го фати рускиот xaкep: Америка во сериозна потрага по Јакубец

Министерството за финансии на САД воведе нови санкции против 17 личности, вклучувајќи и државјани од Русија и Украина, како и седум руски компании, и тоа поради штетни активности во сајбер-просторот, се наведува во соопштението.

“Канцеларијата за контрола на Министерстовото за финансии презеде мерки против руската организација “Евил корп”, која е обвинета за сајбер-kpиминал и која е одговорна за развој и дистрибуција на штетен софтвер Дридекс”, се наведува во соопштението.

Министерството за правда на САД соопшти дека во Питсбург и во Небраска се подигнати обвивенија против рускиот државјанин Максим Јакубец, лидерот на организацијата “Евил корп”, кој е обвинет за хакирање и банкарски измами.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.