Петти по ред Меѓународен турнир во борење во Прилеп

Во организација на БК „7-ми Мај“ – Прилеп и со поддршка на локалната самоуправа, во спортската сала на СОУ “Ѓорче Петров“ беше одржан, петиот по ред, традиционален, Меѓународен турнир во борење, на кои учествуваа околу седумдесеттина борачи од Бугарија, Косово и повеќе клубови од Македонија, кои се натпреваруваа во различни категории.

1

Градоначалникот, Марјан Ристески ја посети ова спортска манифестација и им посака на борачите да имаат успешни борби и да победат најдобрите, истакнувајќи при тоа дека преку овие турнири се калат идните борачи за балканските, европските и светските натпреварувања.

2

3

„Локалната самоуправа го поддржува овој спорт, а боречкиот клуб “7-ми Мај “- Прилеп направи една одлична традиција, да и овој спорт заживее во градот под Марковите кули, вклучувајќи притоа многу млади и талентирани борачи„ – истакна градоначалникот при посетата на турнирот во борење.

4

5

Организаторите најавија дека до година турнирот во борење ќе биде побогат со интернационални борачи. Меѓународниот турнир во борење
традиционално се организира по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

6




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.