Петровска: “Македонија бара да види вистинска деескалација на терен од страна на Русија”

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, учествува на министерскиот состанок на НАТО во Брисел. Ова е прв министерски состанок на кој Петровска учествува по преземањето на функцијата.

-Овој состанок се одржува во важен период и за европската безбедност и за безбедноста на евроатлантската област. Ќе ги реафирмираме нашите позиции за мирно решавање на кризата помеѓу Русија и Украина, вели Петровска.

На денешниот состанок се очекува министрите да покренат план за формирање четири мултинационални борбени групи во југоисточна Европа како одговор на руското воено засилување во Украина, изјавија тројца дипломати за Ројтерс. Овој потег ќе биде најголемата промена на позицијата на НАТО откако ги постави своите борбени групи во Естонија, Литванија, Летонија и Полска – поддржани од тенкови, противвоздушна одбрана и единици за разузнавање и надзор – како одговор на руската анексија на Крим во 2014 година.

Kaква ќе биде реакцијата на Путин оставнува да видиме во наредните денови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.