Петок неработен ден за сите граѓани на Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 1 Мај 2020 година (петок), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на трудот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.