Петкоски: Граѓаните со нетрпение чекаат да ви преcyдат, вие сте во слободен пад и ви нема cпac (Видео)

Денеска повторно сме пред салата “Maкедонија”, местото каде требаше да никне грандиозниот проект здравствено-рекреативен спортски центар со затворен базен на градоначалникот Илија Јованоски. Од фамозниот проект нема ниту трага, ниту глас, напротив само нови ветувања со кои се покриваат старите мегаломански лаги – истакна Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Јованоски и СДСМ кои се на половина од мандатот на нивното владеење во Прилеп досега потрошија два општински буџети, а речиси никаде не постои белег од нивното управување со општината.

Промената на локации за изградба на нивните замислени проекти е само купување на време и обид за ново замајување на јавноста и граѓаните дека нешто работат или ќе сработат.

Колку Илија Јованоски, Миле Талески и сите останати директори имаат сработено, ќе ви каже секој минувач во чаршијата, секој бизнисмен, секој пензионер и секој млад човек, кои со нетрпение чекаат да им пресудат на избирачкото место.

Сега кога одново ги лажите граѓаните дека ќе градите, ќе направите, ќе уредите….дајте барем ставете темели…. поставете подлога за некој друг подоцна да изгради, затоа што вашите празни зборови повеќе немаат тежина.

Вие и вашата одродена партија, заедно со вашиот лидер Зоран Заев сте во слободен пад. Пропаѓате во бездната наречена политичка пензија, а тоа секој ден ве фрустрира.

Денеска уште еднаш ве прашуваме:

Кога планирате да го исполните ветувањето за 20% пониски сметки за вода, кои патем ги зголемивте за 60%?

Кога ќе изградите 2 спортски сали во училиштата?

Кога ќе изградите ново училиште, ќе ја реконструирате Старата чаршија, ќе изградите две обиколници околу Прилеп, кога ќе изградите нови градинки и ќе воведете мерки за чист воздух?

Денеска граѓаните се смеат на вашето “ќе”, денеска граѓаните се свесни дека вие сте само едни обични манипуланти кои ги интересира само кариера и фотеља.

Затоа вашите денови се одбројани, а промената е неминовна! Следува обнова на државата, која ќе ја направат граѓаните сами!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.