Петиција против пушење во затворен простоp: 14.000 луѓе ја поддржаа за 24 часа, дајте го својот придонес!

Петицијата со која се бара да се врати законот против пушење во затворен простор во функција за само неколку часа е потпишана од над 700 граѓани.

Власта на СДСМ во март 2018 година донесе измени на Законот за заштита од пушењето со кои се дозволи пушење и на целосно затворените тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти, што уште тогаш беше критикувано од јавноста.

Но, во последен период ни ова не се почитува, а што е пострашно – одамна никој не одговара кривично. Се пуши по кафани, дискотеки, кафулиња, па дури и во детски игротеки.

Од вчера е отворена петиција со која се повикуваат граѓаните да го дадат својот потпис против пушењето во затворен простор.

-Да се врати законот против пушење во затворен простор во функција, доста е труење од туѓите лоши навики, доста е усмрдување на облека, коса и тело од чадови! Се работи за вашето и нашето здравје! Се работи за здравјето на нашите деца!, се вели во петицијата.

Дајте го својот глас тука.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.