Петир: Погледнете што најдов во моите кутии од Брисел, тоа е љубов што нема крај! (ФОТО)

Доскорешната хрватска европратеничка и голем пријател на Македонија, Маријана Петир, денеска на Твитер објави фотографија и текст за Македонија за која пишува со љубов.

– Видете што најдов во моите кутии од Брисел. Тоа е љубов што нема крај! Македонија, љубов, пријателство, твитна Петир.

Таа беше основач на Групата пријатели на Македонија во Европарламентот, каде се залагаше против промената на името на Република Македонија.

Но, по доаѓањето на власт на СДСМ и Зоран Заев, Петир беше сменета од водечката улога на Групата пријатели на Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.