Прилепската карате легенда Петар Белистојаноски е нов претседател на Карате федерацијата на Македонија, пренесува ИПОН.
Белистојаноски на оваа функција е избран на денешното годишно Собрание во Скопје.
Тој со своето залагање и како натпреварувач и како селектор на Македонската карате репрезентација во борби има придонесено многу за промоција на државата.
Неговиот најоглем успех како натпреварувач е сребрениот медал на Европското првенство во 1994 година, кога беше и избран за “Спортист на Македонија”. Во периодот додека беше селектор на Карате репрезентацијата на Македонија, се постигнати најголемите успеси во каратето и воопшто во македонскиот спорт.
Претходните неколку месеци федерацијата како в.д. претседател ја водеше Драги Стојановски откако Горан Милковски се повлече од функцијата.