Нема чаршиски човек во Прилеп кој не се сеќава на неговите настапи низ прилепските локали, особено оние во поранешна “Апореа”. Беше и остана рапер кој се уште знае да го погоди вистинскиот бит.
Прилепскиот рапер Боро Бро Блажески од неодамна со нови песни полека се враќа на сцената. Откако на неговите следбеници им се допадна последната “МВП”, на ред дојде и “Опсесија”.
Текстот е на Блажески, снимањето и обработката ја направи Mr. T, продукцијата е на Ones Beats.
За новата песна Блажески напиша: “Драги мои другари и другарки, мојата преголема завист од оваа музика во овие две децении ја претворив во песна, јас се будам, легнувам, преспивам заспивам со ова … се надевам дека че остави впечаток кај некој од вас ова го правам за вас! Опуштете се додека ве возам во оваа песна! ОПСЕСИЈА”.
Слушнете во продолжение: