“Пензионерите со помали пензии, поголеми трошоци, незадоволни, во преименувана држава пееа и играа во Прилеп??”

Здруженијата на пензионери од Прилеп, Битола, Крушево и Демир Хисар, денеска во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ја одржаа 17-тата Регионална ревија на песни, музика и игри.

На манифестацијата покрај градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски присуствуваа и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова, претставници од Здружението на борци од Прилеп, преседателот на Собранието на Сојузот на пензионери на Македонија, Илија Адамоски, претставници од Здружението на инвалидизирани пензионери и пензионери од четирите општини. Настапите на четирите здуженија со песни и ора од богатата ризница на нашата земја беа тематски различни.

За жал на средбата не стана ниту збор за сите негативни политики кои во изминатиот период ги погодија пензионерите.

Не стана збор за намалените пензии кои со новите законски измени ќе растат само доколку постои раст на трошоците за живот, а не како и порано кога пензиите растеа и кога имаше пораст на платите.

Пензионерите особено ги погодија новите сметки за вода, кои од неодамна во Прилеп се покачени за околу 60%.

ФОТО: www.prilep.gov.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.