“Пензионерите, наместо 5% како со претходната Влада, ќе добијаат само за 1.8% зголемување на пензиите? Прилепските пензионери се бесни на ова?”

Со исплата на септемвриската пензија на почетокот на октомври ќе се изврши усогласување на пензиите за 2018 година за 1,8% кое се прави согласно со порастот на платите и трошоците на живот, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Ова е второ усогласување на пензиите годинава. Првото усогласување на пензиите беше направено на почетокот на 2018 година и изнесуваше 1,69%.

Сето ова е во рамките на законската регулатива и е со цел да се направи порамнување со порастот на трошоците за живот, сепак она што недостасува и на што пензионерите се особено незадоволни од оваа влада, е немањето на вонредно зголемување на пензиите.

Пензионерите паметат дека додека претходната владина гарнитура ја водеше државата, просечната пензија од 7.684 денари во 2006 година, на крајот од 2016 година стигна до 13.754 денари, што беше зголемување за 79%.

Минатата година на предлог на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието беше предложено зголемување на пензиите за 5 отсто линеарно на вкупната маса, почнувајќи од јануари 2018 година, односно тие побараа да се задржи континуитетот на зголемување на пензиите кои пензионерите го добиваа секоја година претходно.

Сепак ова барање не наиде на поддршка на тогашната седница.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.