“Пензионерите без пензии?! Фондот за пензиско и инвалидско осигурување празен, пензиите под ризик?!”

Голем број експерти ја критикуваат и нарекуваат крајно неуспешна економската политика на Владата на Република Македонија, предводена од Зоран Заев, а во економскиот дел од министерот за финансии Драган Тевдовски и вицепремиерот Кочо Анѓушев – пишува порталот “Курир”.

Во јавноста се поставува прашањето дали со ребалансот на буџетот кој ќе биде предложен до Собранието, Владата ја признава оваа лоша економска политика. Во ребалансот е предвидено средства за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Во јавноста се поставува прашањето дали со ова Владата призна дека Фондот нема пари и дека пензиите за граѓаните се доведени во ризик.

-Покрај тоа, предвидено е алоцирање на дополнителни средства во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со цел непречена исплата на пензиите и транзициските трошоци за вториот пензиски столб, обезбедување на дополнителни средства во Фондот за здравствено осигурување со цел непречено остварување на право на здравствена заштита и боледувања, како и дополнителни средства за Агенцијата за вработување на Република Македонија за исплата на надоместокот по основ на невработеност, се вели во предлог ребалансот на буџетот.

Извор: “Курир”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.