Министерот Кирил Миноски во посета на Прилеп – Пензиите во декември ќе бидат повисоки за 5 проценти

Ноемвриските пензии кои пензионерите ќе ги добијат во декември ќе бидат зголемени за 5 проценти. Оваа информација ја потврди денеска во Прилеп министерот за финансии, Кирил Миноски, кој оствари средба со претставници на Здружението на пензионери од овој град. Миноски рече дека овој чекор на Владата ќе придонесе за подобрување на животниот стандард.

 

2pp-640x427

„Ние како Влада се грижиме за подобрувањето на стандардот на граѓаните, особено на стандардот на пензионерите. И во наредниот временски период и во следната владина програма предвидуваме определени мерки кои ќе имаат за цел да го подобрат животниот стандрад на пензионерите и да им се обезбедат низа поволности со што ќе овозможиме подолг животен век на оваа популација“, истакна Кирил Миноски, министер за финансии.

Од Здружението на пензионери на Прилеп истакна дека се задоволни од покачувањето на пензиите, а задоволни биле и од одличната соработка и помош која им ја дава локалната самоуправа на Прилеп.

„Благодарни сме на ова покачувањена пензиите, и се надеваме дека и во иднина Владата ќе има средства тие повторно да бидат зголемени. Исто така морам да кажам дека имаме одлична соработка со локалната самоуправа во сите области од општествениот живот. Посебно имаме соработка во отворањето на клубови за пензионерите. Досега имаме отворено во нашите ограноци околу 10 клубови, а со градоначалникот имаме отворено 4 клубови во општествени простории кои се сопственост на локалната самоупрва“, рече Кирил Ѓорѓиоски, претседател на Здружение на пензионери Прилеп.

Од локалната самоуправа на Припеп рекоа дека тие биле чести гости на Здружението на пензионери од Прилеп кое било едно од најативните во Македонија, со бројни иницијативи кои ги предлагале до надлежните органи.

pp-640x427

„Еден капитален проект на локалната самоуправа кој произлезе токму како нивна идеја е воведувањето и регулирањењто на јавно претпријатие за градски превоз. Исто така повеќе инфраструктурни проекти потекнуваат како идеја од ова Здружение, а да напонема дека во соработка со Здружението на пензионери беа отворени 4 пензионерски клуба во различни урбани заедници со што се направи одлично катче за дружење на пензионерите. До крајот на оваа година очекуваме да бидат отворени уште два клуба за пензионери во Прилеп, едниот во најстарата населба Варош, а другиот во населбата Корзо“, рече Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Инаку министерот Миноски, освен средба со пензионерите од Прилеп оствари неколку посети и на неколку поголеми извозно ориентирани компании во градот. Тој истакна дека со бизнисмените поразговарале околу тековното работење на фирмите, но било дискутирано и за соработката на приватниот сектор и државните институции и за пронаоѓањето на методи и начини како да се унапреди таа соработка во разумен временски период. Исто така било биле предложени повеќе сугестии кои владините институции требало да ги земат во предвид, со цел да се поттикне инвестирањето и креирањето на нови работни места.

treta

„Во средбите со најголем дел од стопанствениците се искажаа позитивни ставови во однос на соработката која тие ја имаат со Министерството за финансии и институциите кои влегуваат во состав на ова министертство како што се УЈП и царинската управа. Стопанствениците истакнаа дека се задоволни пред се од пристапот кој настојуваме да го применуваме заедно со УЈП за т.н. доброволна даночна усогласеност чија основан цел е државата и приватниот сектор да бидат партнери затоа што секогаш истакнувам дека основната економска филозофија која ние ја следиме како Влада е политиката на ниски даноци со која најголемиот дел од финансиските средства ги оставаме на приватниот сектор за да тој сектор понатаму ги инвестира во креирање на нови работни места“, додаде Миноски.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.